Роверот на NASA собира примероци на Црвената планета од 2021 година, а сега собра карпи кои би можеле да помогнат да се докаже постоењето на живот во минатото.
Наречен Чејава Водопад по највисокиот водопад во Големиот Кањон, примерокот од 97,5 x 61 см содржи „хемиски траги и структури“ кои можеле да се формираат од поранешен микробен живот пред милијарди години. Perseverance го собрал примерокот на 21 јули од она што некогаш било речна долина на Марс, одамна издлабена од проточна вода. На фотографијата од примерокот се гледаат „големи бели вени“ на калциум сулфат, кои се протегаат по должина и укажуваат на тоа дека водата поминувала низ карпата.
Што е уште поважно, низ целата централна црвеникава лента има милиметарски ознаки, кои изгледаат како дамки од леопард. На Земјата, нешто слично може да се формира на седиментни карпи за време на хемиски реакции кои ја менуваат бојата на хематит, еден од материјалите за црвеникавата боја на Марс, во бела. Овие реакции можат да ослободат железо и фосфат, кои би можеле да послужат како извор на енергија за микробите.
Инструментот PIXL на роверот (Planetary Instrument for X-ray Lithochemistry) веќе утврдил дека црните прстени околу дамките содржат железо и фосфат, но тоа автоматски не значи дека карпата служела како домаќин на микробите.
What a week! Anyone else possibly discover signs of microbial life from billions of years ago on a planet 140 million miles from Earth?
No? Just me? pic.twitter.com/VLYxzaRPAE
— NASA's Perseverance Mars Rover (@NASAPersevere) July 26, 2024
Дамките, исто така, би можеле да бидат создадени од небиолошки процеси, а тоа е нешто што научниците ќе треба да го откријат.
„Не можеме да кажеме дека откривме живот на Марс, но она што го имаме е потенцијален биопотпис, збир на карактеристики кои би можеле да имаат биолошко потекло. Сепак, потребни се понатамошни истражувања и повеќе податоци“, изјави научникот Кејти Стак Морган.
NASA допрва треба да ги транспортира на Земјата примероците собрани од роверот Perseverance на Марс, вклучувајќи ги и оние на локацијата на Чејава Водопадите. Меѓутоа, мисијата Mars Sample Returns веќе е доцни и нема да се реализира до 2040 година, иако се планира примероците да пристигнат на Земјата на почетокот на 30-тите.
Агенцијата неодамна побара алтернативни решенија за транспорт на мострите во пократок период и ќе го финансира истражувањето. Научниците треба да спроведат опсежни тестови за да ја исклучат контаминацијата и небиолошките процеси, како и да понудат можни објаснувања за формирањето на леопардовите дамки пред да потврдат дека тие навистина се доказ за минат живот на Марс.