Тестирана е новата двонасочна вселенска ласерска комуникациска технологија на NASA е на Меѓународната вселенска станица (МВС) и успешно е испратено 4K видео во живо со пропусен опсег на врска од 900 Mbps.
Од март оваа година, во тек е првичното тестирање на системот ILLUMA-T (Integrated LCRD Low Earth Orbit User Modem and Amplifier Terminal) кој овозможува двонасочна оптичка комуникација со Меѓународната вселенска станица со помош на ласери.
Тој начин на комуникација е тестиран неколку пати и се верува дека би можело да биде клучен за некои идни мисии во длабоката вселена, пред сè оние од програмата Artemis. Доколку се покаже успешно, токму на тој начин ќе се врши директниот пренос на враќањето на луѓето на Месечината, откако Националната аеронаутичка и вселенска администрација (NASA) ќе стигне до таа фаза од програмата.
Со цел да се обезбеди доволен пропусен опсег на врската, НАСА го подигна нивото и минатата недела се обиде – и успеа – да испрати видео со резолуција 4K со истиот систем до МВС и назад. Ова е првпат оптичката комуникација да се користи за пренос на видео во вселената, а нејзиниот напредок покажува дека има потенцијал да ги замени традиционалните радиокомуникации. Имено, оптичкиот пренос на податоци со ласер има 10 до 100 пати поголем пропусен опсег.
¿Ondas de radio? No gracias. La NASA logró transmitir video en 4K desde un avión a la ISS usando tecnología láser. ¡Una mejora enorme en velocidad y calidad que estará en las futuras misiones Artemis! 🚀 pic.twitter.com/TwLb7oIEFC
— Frontera Espacial (@FronteraSpacial) July 26, 2024
Последниот тест покажа дека сето тоа е изводливо, и тоа во прилично сложена конфигурација. Како почетна точка, беше користен мал авион Pilatus PC-12, кој носеше комуникациски терминал на трупот. Тој прелета над едно од големите американски езера, Ири, и емитуваше сигнал до копнената база во Кливленд. Оттаму, сигналот патувал по копно до Ново Мексико, каде што бил пренесен во форма на инфрацрвен ласерски зрак во орбитата, но не директно до МВС, туку до комуникацискиот сателит за Laser Communications Relay Demonstration (LCRD), кој се наоѓа на растојание од околу 35.000 километри.
Дури потоа сигналот беше пренасочен од сателитот до системот за приемници ILLUMA-T на Меѓународната вселенска станица, од каде беше пренасочен на Земјата. На крајот, забележана е брзина на пренос на податоци од повеќе од 900 Mbps.
Тестот е официјално завршен, ресиверот е веќе демонтиран од МВС и фрлен како вселенски отпад, а тестовите на опремата на Pilatus продолжуваат. Охрабрени од овој успешен експеримент, водачите на проектот веруваат дека нивната работа ќе им овозможи на астронаутите од мисијата Artemis да проследуваат видео 4K, да остваруваат видео повици со висока резолуција и слични активности, досега невидени во вселенскиот домен.