Realme 13 Pro серијата е официјално претставена, а кинескиот бренд се фокусира на обработка на фотографии со вештачка интелигенција.
Се работи за моделите Realme 13 Pro и 13 Pro+, кои ја поседуваат Realme Hyperimage+ A архитектурата за фотографија, која комбинира водечка оптика, алгоритми за фотографирање со вештачка интелигенција и AI функции за уредување слики базирани на облак, како што се Smart Removal, Group Photo Enhancement и Audio Zoom.
Realme 13 Pro+ е првиот паметен телефон со LYT-701 сензор на Sony што се користи за главната камера од 50 MP (24 mm). Тука е и првиот 3x телефото објектив со LYT-600 сензор на Sony (1/2 инчи) со резолуција од 50 MP и фокусна должина од 73 mm. Двете задни камери имаат оптичка стабилизација на сликата, а придружени се со ултраширока камера од 8 MP (16 mm).
Realme 13 Pro користи помал сензор LYT-600 од 50 MP и истата ултраширока камера од 8 MP како и 13 Pro+. Realme откри дека инспирацијата за 13 Pro серјата е дело на францускиот сликар Клод Моне, што се однесува на потезите со четката на задниот дел од матираното стакло.
Смартфоните споделуваат 6,7-инчен AMOLED екран со FHD+ резолуција и стапка на освежување од 120 Hz, како и Corning Gorilla Glass 7i заштита. Нив ги покренува процесорот Snapdragon 7s Gen 2 на Qualcomm.
Realme потврди дека 13 Pro серијата и сите други Pro серии доаѓаат со опција од 512 GB меморија, а тука е и ветувањето дека идните Pro модели ќе имаат отпорност на вода и прашина минимално според IP65 стандард.
Покрај тоа, двата уреди се напојуваат од батерија со капацитет од 5.200 mAh, со поддршка за 45W SuperVOOC жично полнење за 13 Pro или 80W за 13 Pro+.
Серијата Realme 13 Pro доаѓа во Monet златна, Monet виолетова и Emerald зелена боја.
Цената на Realme 13 Pro моделот со 8/128 GB меморија изнеусва 320 долари, за моделот со 8/256 GB треба да платите 346 долари, додека верзијата со 12/512 GB чини 382 долари.
Во случајот на моделот Realme 13 Pro+, клиентите ќе платат 394 долари за меморија од 8/256 GB, 418 долари за верзијата со 12/256 GB и 441 долари за најскапата верзија од 12/512 GB.