Наскоро македонскиот музички етер ќе биде побогат за четири нови песни, а македонската видео индустрија со четири нови видео-записи. Лара Иванова за првпат во нејзината музичка кариера, објавува компилација од четири новокомпонирани песни.
За да се привлече вниманието на јавноста, доволна беше најавата дека Лара Иванова подготвува нешто ново, но по објавувањето на насловите на песните, љубопитноста и нетрпеливоста сѐ повеќе растат.
Само лага, Ризик, Токсин и Таму горе се насловите на песните, кои ќе го назначат почетокот на новата ера во македонската поп музика. Авторскиот тим сѐ уште е „тајна“ која Лара умешно ја крие.
За Лара, ова е еден од најголемите предизвици кои досега ги имала во кариерата, затоа што благодарение на нејзината истрајност, но и професионалноста на тимот, успеаа да снимат четири различни видео записи за само шест дена. Секоја песна носи посебна емоција, а со секој видео-запис е доловена и пренесена на најдобар визуелен начин.
„Ништо не е тешко кога работиш со тим кој ги поддржува твоите идеи. Преубави 6 дена поминати со прекрасна екипа на луѓе кои неуморно работеа на реализација на овој проект“открива Лара пред својата публика.
Во тимот се вбројуваат десетина професионалци, односно Били Д., Даниела Радевска, Милан Богдановски, Тоше Данев, Стефан Трпчевски, Филип Димитриевски и Дарко Ѓоргиев. Покровители на овој музички проект се Soloprom, Miniso, Autowelt, Zanov, Owl Mixology, Goldenbarrel Poolbar, Dress Code и Brainster.
Со големо нетрпение се очекува датумот на објавување на Само Лага, Ризик, Токсин и Таму горе,за новата музичка магија да одекне.