Активирањето на функцијата на Chromebook уредите се врши преку новата икона на Google Lens, која ќе биде достапна од лентата за адреси, веднаш до ѕвездата за обележувачи.
На почетокот на годината Google и Samsung воведоа нова функција за вештачка интелигенција наречена Circle to Search. Преку оваа функција се овозможува пребарување на се што е видливо на екранот со заокружување на објектот.
Сега оваа функционалност стигнува до десктоп верзијата на прелистувачот Google Chrome. Активирањето на Chromebook уредите се врши преку новата икона на Google Lens, која ќе биде достапна од лентата за адреси, веднаш до ѕвездата за обележувачи.
Потоа можете да изберете што било на екранот на прелистувачот додека курсорот се менува и дозволува да се избере саканата област/објект. Резултатите се појавуваат во страничната лента. Новата функционалност е достапна во бета верзиите на ChromeOS 127 и Chrome 128 и се очекува наскоро да стигне до стабилните верзии.
На Windows/Mac, иконата Lens не се појавува во лентата за адреси, а опцијата е во дополнителното мени како Search with Google Lens. Сепак, можно е да се додаде и во панелот за брз пристап.