Италијанските научници создадоа робот со четири нозе, кој е способен да ги пронајде отпадоците и да ги вшмука со помош на црева прицврстени за неговите нозе.
Отпушоците од цигари претставуваат огромен ризик за океаните низ светот и тешко е рачно да се соберат а особено на јавните места како што се плажите. Поради тоа група од италијански научници создаде робот со четири нозе, кој е способен да ги пронајде отпадоците и да ги вшмука со помош на црева прицврстени за неговите нозе.
Се работи за роботот наречен VERO кој пред сè се фокусира на решавањето на проблемот со отпушоците. Фрлените отпушоци испуштаат токсични хемикалии и микропластика додека се распаѓаат во океанот, а од друга страна претставуваат и втор најчесто несоодветно третиран отпад.
Роботот VERO е дизајниран за собирање на ситен отпад. Операторот ќе го определи теренот за работа а потоа роботот ќе почне да се движи по целата должина на теренот сè додека не открие отпадоци со помош на својата неврална мрежа и камера. Роботот има „конволуционална невронска мрежа за откривање на отпад“ која може да го „таргетира“ отпадот а потоа да изврши негово вшмукување со една од четирите цевки поставени на неговите нозе.
Чистењето на плажите е предизвик бидејќи песокот го отежнува преносот на канти за отпад со тркалца или со други потешки предмети на ваков вид терен. Истражувачите спроведоа тестови во шест различни надворешни сценарија за да ја докажат способноста а за движење на роботот на проблематични терени. Благодарение на Intel RealSense камерите, роботот може да се стабилизира при собирањето на отпадот.
Во текот на првиот тест, роботот не го собра целиот отпад но вшмука 90 проценти од пронајдените отпушоци, а тоа значи 90% помалку отпад кој инаку би завршил во морето.
Меѓутоа засега нема планови за масовна употреба на роботите, но истражувачите потенцираат дека VERO може да се програмира и дизајнира за извршување на други задачи како што се наводнување на растенијата, пронаоѓање слабости во инфраструктурата и помош при градежни проекти.