Компанијата OpenAI почна да ја воведува својата напредна функција Voice Mode, а помал број претплатници на ChatGPT веќе ја имаат на располагање и можат да водат разговори со AI четботот
Сите претплатници на ChatGPT Plus треба да добијат пристап до проширениот сет алатки до есента оваа година. OpenAI објави преку социјалната мрежа X дека напредната верзија на функцијата Voice Mode „нуди поприродни разговори во реално време и му овозможува на корисникот да го прекине ChatGPT во секое време, а исто така „чувствува“ и реагира на емоциите на корисникот.
Поддршката за гласовни разговори беше воведена минатиот септември во ChatGPT, а понапредната верзија беше јавно демонстрирана во мај. ChatGPT-4o користи единствен мултимодален модел за гласовни способности наместо трите одделни модели што ги користеше неговото претходно аудио решение, со што се намалува доцнењето во разговорите со четботот.
We’re starting to roll out advanced Voice Mode to a small group of ChatGPT Plus users. Advanced Voice Mode offers more natural, real-time conversations, allows you to interrupt anytime, and senses and responds to your emotions. pic.twitter.com/64O94EhhXK
— OpenAI (@OpenAI) July 30, 2024
OpenAI привлече многу критики во мај за гласот што звучеше како холивудската актерка Скарлет Јохансон, чија актерска кариера вклучува и позајмување на гласот на AI ликот Саманта во филмот „Her“. Пристигнувањето на напредниот Voice Mode беше одложено по „недоразбирање“, а иако компанијата инсистираше дека гласот не го имитира оној на познатата Јохансон, сепак го отстрани.