На социјалните мрежи се појавија детали кои го прикажуваат iPhone 16 Pro во три различни бои, вклучувајќи ја и новата потемна Space Black варијанта
Откако вчера имавме можност да видиме како ќе изгледаат iPhone 16 и iPhone 16 Plus, денес добивме и појасен увид во iPhone 16 Pro. Новата фотографуија објавена на социјалните мрежи од дојавувачот Сони Диксон го прикажува iPhone 16 Pro во три бои, вклучително и нова боја во Space Black, стил која е значително потемна од годинашниот iPhone 15 Pro.
Да потсетиме, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max се достапни во четири бои:
- Natural Titanium
- Blue Titanium
- White Titanium
- Black Titanium
Во меѓувреме, познатиот аналитичар за Apple, Минг-Чи Куо објави дека iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max ќе бидат достапни во следните четири бои:
- Natural Titanium
- Rose Titanium
- White Titanium
- Black Titanium
Овие варијации на бои се потврдени од неколку други извори. Извор на Weibo во март понуди подетален преглед на боите, прикажувајќи ја новата опција на виолетов титаниум, малку изменета нијанса на природен титаниум и потемната опција на црн титаниум.
Денешната фотографија прикажува три опции – бел титаниум, природен титаниум и црн титаниум. Врз основа на оваа слика, опцијата црн титаниум за iPhone 16 Pro ќе биде значително потемна од iPhone 15 Pro.
Интересно е што фотографија ја изостави розовата титаниумска верзија на iPhone 16 Pro. Можната причина е што Apple се уште ги нема финализирано деталите за оваа варијанта, со оглед на тоа што се работи за сосема нова опција за боја. Rose Titanium е многу очекувана боја за iPhone 16 Pro, бидејќи iPhone 15 линијата е првата што не вклучуваше златна завршна обработка од iPhone XS од 2018 година, а се чини дека розовиот титаниум ќе биде златната опција во титаниум варијанта, известува 9to5Mac.