Оние кои ја користат апликацијата Google Maps знаат дека не е совршена, но компанијата Google најави подобрувања во форма на низа нови функции за Maps и Waze.
Една од новите функции е навигацијата до влезот во зградите, како и до паркингот. Во следните недели, Maps ќе почне да ги истакнува дестинациите и влезовите на објекти како што се приближува корисникот на апликацијата, така што нема да мора беспотребно да кружат, барајќи влез низ мракот.
Google сега го олеснува и пријавувањето инциденти преку Maps и ја зголемува големината на овие икони за да може побрзо и побезбедно да се споделуваат во движење. Покрај тоа, можно е да се потврди претходно пријавен инцидент со допирање откако ќе му се приближите.
Waze добива три нови функции, вклучувајќи предупредувања за камерата. Сега Waze може да го предупреди корисникот кога се приближува до камерата и да понуди информации за тоа што проверува, брзината, безбедносниот појас или прецизното користење на лентата. Waze ќе го предупреди корисникот за ситуацијата во сообраќајот во негова близина или во близина на една од неговите означени локации. Потоа корисникот може да испрати предупредување до пријател или член на семејството. Двете ажурирања доаѓаат на iOS и Android.
Надградбите за Waze ја „заокружува“ можноста за навигација дури и кога мобилниот телефон е заклучен. Оваа функција наскоро доаѓа на Android, а на iOS во текот на есента.