Тајванскиот производител на компјутерска опрема Asus во соработка со парфемскиот бренд Ana Sui го претстави новиот лаптоп Adol Book 14 Air со дифузер за парфеми кој може да мириса на рози, бобинки и цитрус.
Како што е наведено, дифузерот за мирис се наоѓа на капакот на лаптопот и е прикачен на него со магнет, пренесува Yahoo Finance.
Целиот сет содржи три различни мириси, како и шишенце од 50 милилитри парфем на Ana Sui „Wishing Elf“, сет налепници, дизајнерска чанта за лаптоп и прилагоден маус, а неговата цена е 974 долари, односно околу 902 евра.
Новиот лаптоп има солидни технолошки карактеристики како 14-инчен OLED екран со резолуција од 2880×1800 и брзина на освежување од 240 херци (Hz).
Компјутерот се напојува со процесор AMD Ryzen 8945H со осум јадра и фреквенција до 5,2 GHz. Има 32 гигабајти (GB) RAM и 1 TB простор за складирање.
Целосно наполнета батерија е доволна за 14 часа гледање видеа во HD формат.