Според најновиот Индекс на паметни градови од технолошката компанија ProptechOS, најпаметен град во Европа е Париз.
Платформата анализираше сè, од достапноста на Wi-Fi до бројот на дрвја, пристапот до аеродромите и техничките работни места.
Француската престолнина доби 91,8 од 100 поени за поврзување и инфраструктура и 89,1 на пазарот на труд во технологијата, додека во зелената инфраструктура доби само 51,4, па вкупниот резултат е 76,4.
Париз го престигна победникот од 2023 година, Лондон, кој падна на второто место со резултат од 73,1, но постигна многу подобри резултати особено во зелената инфраструктура, со 63 во таа категорија.
Третото место му припадна на Амстердам со вкупен резултат од 72,8, но импресивни 75,4 во зелената инфраструктура, највисока на листата. Амстердам е инаку познат по развиената велосипедска инфраструктура и сообраќај, што секако придонесе за неговиот висок пласман.
Берлин е четврти со 69, а Мадрид петти со 68,5 отсто.
Погледнете ја листата на 10 најпаметни градови во Европа:
1. Париз
2. Лондон
3. Амстердам
4. Берлин
5. Мадрид
6. Лисабон
7. Стокхолм
8. Луксембург
9. Даблин
10. Копенхаген