Очекуваме дека Apple ќе ја претстави новата iPhone 16 серија паметни телефони следниот месец. Секако, веќе има многу гласини поврзани со уредите, а секако очекуваме повеќе до официјалното објавување.
Новите податоци од Кина ги откриваат потенцијалните капацитети на батериите на iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max. Првиот од нив ќе се појави со батерија со капацитет од 3577 mAh во споредба со 3274 mAh за iPhone 15 Pro. Батеријата на iPhone 16 Pro Max може да има капацитет од 4676 mAh во споредба со 4441 mAh за iPhone 15 Pro Max.
Дури и да има зголемување на капацитетот, тоа не е драстично. Секако, секогаш е добро да има пораст, кој во комбинација со поефикасни компоненти може да доведе до зголемена автономија на новите уреди. Од друга страна, воведувањето на некоја нова функционалност може да бара повеќе енергија.
Промената на капацитетот на iPhone 16 Pro во однос на претходниот Pro модел покажува најизразена разлика, со зголемување од над 9% (303 mAh). Според една гласина, годинaшниот iPhone 16 Pro Max ќе може да се пофали со долготрајна батерија од 30 часа (во споредба со 29 часа за iPhone 15 Pro Max). Покрај тоа, iPhone 16 Pro и iPhone 16 Pro Max се очекува да користат технологија на наредени батерии за зголемена густина на енергија и продолжен животен век.