Компанијатав Neuralink основана од Елон Маск постигна голем успех со вградување на својот чип во мозокот на друг пациент, кој функционира многу добро. Ова е уште еден чекор напред кон целта да им се овозможи на луѓето со повреди на ‘рбетниот мозок да комуницираат со дигиталните уреди додека ги користат само своите мисли.
Маск изјави дека имплантот веќе му овозможил на првиот пациент да врши различни активности како играње видеоигри, сурфање на интернет, објавување содржини на социјалните мрежи и контролирање на курсорот на лаптоп.
Клиничките испитувања сè уште се во тек и го демонстрираат потенцијалот на технологијата на Neuralink да ги трансформира животите на луѓето со големи ограничувања на подвижноста.
Маск пред неколку дена откри и дека втор пациент, кој исто така имал повреда на ‘рбетниот мозок, има корист од имплантот. Иако нема многу детали за вториот пациент, Маск вели дека 400 од вкупно 1.024 електроди на уредот се активни и добро функционираат.
„Се чини дека работите функционираат многу добро со вториот имплант. Има многу сигнали и електроди, тој работи многу добро“, изјави Маск.
Имплантот на Neuralink претставува значителен исчекот во технологијата за интерфејсот мозок-компјутер. Уредот е дизајниран да го премости јазот меѓу мозокот и надворешните уреди, овозможувајќи им на корисниците да ги контролираат дигиталните интерфејси само со своите мисли.
Првиот пациент, Ноланд Арбо го доби имплантот во јануари и ги сподели своите искуства со употреба на технологијата. Пред имплантот користел стап во устата за да го контролира таблетот, а сега компјутерот може да го контролира само со своите мисли. Ова му даде ново ниво на независност и ја намали неговата зависност од старателите.
Сепак, ова патување не е без свои предизвици. По првата операција Арбо се соочил со проблеми. Малите жици од неговиот имплант се повлекле, предизвикувајќи значително намалување на бројот на електроди способни да ги мерат мозочните сигнали. Овој проблем бил предвиден врз основа на тестовите на животните на Neuralink.
Поради тоа, Neuralink го приспособи алгоритмот на имплантот за да ја зголеми неговата чувствителност и да ја врати неговата функционалност. Маск нагласи дека и покрај проблемот, Арбо го подобрил својот претходен светски рекорд за брзина на контрола на курсорот дури и кога работеле само 10% до 15% проценти од електродите. Ова закрепнување ја покажува издржливоста на технологијата и посветеноста на компанијата за надминување на пречките.
Neuralink планира значително да ги прошири своите клинички испитувања. Маск откри дека планитаат да инсталираат уште осум импланти во период од една година. Напредокот на Neuralink не само што ветува подобрување на квалитетот на животот на луѓето со повреди на ‘рбетниот мозок, туку и потенцијално го трансформира полето на асистивната технологија. Успехот на вториот имплант и континуираните подобрувања на уредот ја нагласуваат посветеноста на Neuralink да ги помести границите на она што е можно со интерфејсите мозок-компјутер.