Samsung планира да ги прошири Galaxy AI функциите и на телефоните од средната класа Galaxy A55 и A35, што се очекува како дел од ажурирањето на One UI 6.1.1
Samsung ја претстави својата Galaxy AI функционалност во својата водечка линија паметни телефони и сега очигледно се подготвува за следниот логичен чекор: донесување на Galaxy AI на своите уреди од средната класа. Според најновиот извештај, се очекува Galaxy A55 и A35 уредите да бидат први што ќе ги добијат Galaxy AI функциите, како дел од ажурирањето One UI 6.1.1.
Извештајот не прецизира точно кога би можеле да очекуваме ова да се случи, но сепак обезбедува нејасна временска рамка „овој или следниот месец“. Сепак, треба да се забележи дека не сите функционалности на Galaxy AI ќе бидат достапни на овие уреди од среден опсег.
За жал, во моментов нема повеќе информации за тоа кои функционалности ќе бидат вклучени, а кои не. Најверојатното сценарио е дека Samsung ќе ги изостави оние кои бараат најголема процесорска моќ, имајќи предвид дека A55 и A35 немаат претерано силни процесори со моќни NPU ко-процесори.
Исто така, не е јасно дали A55 и A35 ќе бидат единствените уреди од А- серијата што ќе го добијат Galaxy AI, или само први во низата. Samsung можеби ќе сака да го ограничи изгледот и достапноста на овие функционалности исклучиво на своите најнови модели за да се обиде да ја зголеми продажбата, пренесува GSM Arena.