Веќе има многу индикации и логично се очекува дека Xiaomi ја подготвува својата следна серија паметни телефони од високата класа – Xiaomi 15. Најпрвин, најверојатно во октомври Xiaomi 15 и 15 Pro моделите ќе дебитираат во Кина.
Потоа, во првата половина на 2025 година, треба да го видиме и Xiaomi 15 Ultra, а сите три уреди речиси сигурно ќе имаат чипсет Snapdragon 8 Gen 4.
Сепак, сега има и нови податоци за камерата на Xiaomi 15 Ultra, а доаѓаат од дојавувачот @UniverseIce. Според него, телефонот ќе има четирикратна главна камера.
https://x.com/universeice/status/1820705980604424671?s=46
Се чини дека конфигурацијата вклучува сензор од 200 MP со телефото објектив за 4x оптички зум. Ова укажува на присуство на перископ оптика. Според дојавувачот, Ultra моделот ќе има значително подобрување во квалитетот на снимањето.
Меѓу очекуваните спецификации на Xiaomi 15 Ultra се и двослоен OLED дисплеј со резолуција од 2K, HyperOS 2.0, 24GB RAM и батерија со капацитет од 6200 mAh. Многу е веројатно дека од оваа генерација на меѓународниот паџар ќе се појават само Xiaomi 15 и 15 Ultra.