Со мотото „Трчањето ќе те промени“, Виз Ер Скопски маратон низ годиниве покажа и докажа дека спортот зближува, отвора нови видици, авантури, шири позитивна енергија, урива спортски, па и други рекорди. Нема причина тоа да не биде така и на годинешното 20то јубилејно издание на најмасовниот спортски хепенинг вод ржавава.
Годинава, скопските улици на 6.октомври ќе бидат домаќинина илјадници маратонци од преку 50 држави од целиот свет. Пријавувањето веќе е во тек(http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/), а местата полека се пополнуваат.
Организаторите повикуваат на масовно учество народенденскиот маратон, да трчаме рамо до рамо со големите маратонски имиња, заедно да се радуваме и забавуваме, да волонтираме со своите сограѓани, да ги почувствуваме позитивните вибрации.
Од организацијата најавуваат несомнено одлично издание на трките, со можност секој еден учесник да стане дел од историјата на најголемиот спортски настан во земјава, кој годинава со гордост ќе прослави и 20 изданија постоење.
„Подготовките за реализација на роденденското издание на Виз Ер Скопски маратон се речиси при крај. Пријавувањето е во тек и досегашниот пројавен интерес ни влева надеждека нè очекува издание со рекорден број на учесници. Со нетрпение го очекуваме 6.октомври и да потврдиме дека неслучајно Виз Ер Скопски маратон е етаблиран спортски настан во европски, па и светски рамки“, вели Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон, кој очекува голем интерес и безрезервна поддршка и одграѓаните волонтери кои ќе им помогнат и бодрат маратонците и ќе бидат дел од мисијата на многу тркачи зауспешно завршена трка.
„Придружете ни се заеднички да создадеме спомени коитраат цел живот. Бидете дел од уште една успешна година и истрчани илјадници километри од Виз Ер Скопски маратон“, повикува Синадиновски.