Virgin Galactic го откри дизајнот на својот нов вселенски авион од класата Delta.
Virgin Galactic, која се занимава со суборбитален вселенски туризам, објави видео во кое е прикажана анимација на дизајнот на Delta, кој всушност е елегантен и модуларен, додека неговите компоненти имаат за цел да ја подобрат ефикасноста на вселенските летови.
Компанијата наведува дека Delta авионите се произведуваат за да можат да вршат летови на секои три дена, што ќе донесе огромно подобрување и структурна промена во цената на човечките вселенски летови. Претходниот вселенски брод VSS Unity можеше да лета еднаш месечно.
Новото летало, придвижувано од хибриден ракетен систем, ќе понуди и повеќе простор за патниците. Поточно, ќе може да прими 6 наместо 4 патници. Delta нема да полета пред 2026 година, но од компанијата велат дека проектот добро напредува.
„Напредокот на нашата програма за вселенски летала од класата Delta беше значаен во вториот квартал. Темпото на завршување на дизајнот беше забрзано, а производството на алатки е во тек. Во текот на следниот месец, фокусот на нашите тимови ќе се префрли од завршување на дизајнот на производство и тестирање фаза на нашите вселенски летала, кои се на пат за комерцијална употреба во 2026 година“, рече Мајкл Колглејзиер, извршен директор на Virgin Galactic.
Компанијата планира да генерира приход од 450 милиони долари годишно во годините откако првите две вселенски летала од класата Delta ќе стапат во употреба. Откриени се плановите за пет вселенски летала во вселенските пристаништа ширум светот.
За време на претходниот лет на вселенскиот авион VSS Unity, кој се одржа во јуни, Virgin Galactic се фокусираше на авионот Delta.
Во јули, компанијата го заврши производството на новиот вселенски авион Delta во објект лоциран во Меса, Аризона.