Viber им понуди на корисниците нова услуга, која ќе им помогне неприметно да ги отстранат трагите од нивните пораки.
Функцијата „Избриши без трага“ е достапна за корисниците на Viber Plus, а останатите можат да ја испробаат бесплатно 30 дена.
Оваа услуга им овозможува на корисниците дискретно да ги бришат испратените пораки, без разлика дали примачите веќе ги прочитале.
Како што пбјаснуваат од Viber, функцијата се воведува на барање на бројни корисници.
„Ќе продолжиме со практиката да користиме повратни информации од нашите корисници за да создадеме уште повеќе од нивните омилени функции, како што е „Невидлив режим“, и со тоа да создадеме повеќе причини за нивното задоволство и леснотија на комуникација“, изјави Офир Ејал, извршен директор на Rakuten Viber.