Иако астронаутите сè уште не се вратиле на Месечината, тие многу се подготвуваат за изградба на објекти на нејзината површина.
Целта на експериментот што се спроведува на Меѓународната вселенска станица (МВС) е да се измешаат и да се усогласат состојките за градење објекти на Месечината, бидејќи американската вселенска агенција НАСА сака да приземји астронаути на месечевата почва веќе во 2026 година како дел од програмата Artemis.
Планирано е астронаутите да стапнат на Месечината во мисијата Artemis 3, а нивните наследници ќе ја користат привремената база. Сепак, целта на проектот Artemis Accords е да се изгради постојана база. Со оглед на фактот што градењето структури на површината на Месечината е комплицирано, астронаутите во моментов ги тестираат техниките за мешање на цемент на МВС пред истите да се користат на Месечината.
„НАСА и нејзините меѓународни партнери проучуваат начини како да го направат економично градењето сателити во вселената и да се изградат бази со екипаж на Месечината. За да се намалат трошоците за испраќање материјали од Земјата до Месечината, една опција е да се користи микрогравитациска средина за мешање на месечевата почва со други материјали за правење цемент, како и изградба на згради погодни за живеење на Месечината“, велат од агенцијата.
Астронаутот на НАСА, Метју Доминик, ја тестирал оваа идеја, мешајќи симулирана месечева почва, други материјали и течен раствор, а смесата била ставена во две кеси, додека трета вреќа со топла вода била ставена меѓу нив.
Потоа ги ставил сите три кеси во термос во текот на ноќта. Смесата ќе се зацврсти на амбиентална температура во МВС додека не отпатуваат дома со вселенското летало Crew Dragon.
Експериментот е дел од истражувањето на Material Science on the Solidification of Concrete (Concrete Hardening), во кое се користат различни комбинации на цемент, вода, симулирана месечева почва, песок и други адитиви.
Целта не е само да се изградат одржливи структури на Месечината, туку и да се изнајдат одржливи алтернативи на цементот што е основа на бетонот на Земјата. Цементот бара многу енергија и суровини, а може да испушта јаглерод диоксид во текот на производниот процес. При мешањето може да се појават и компликации, како што се воздушни џебови, меурчиња и кршливост. Целта на експериментот е да се решат овие проблеми при тестирањето на МВС.