Корисниците на WhatsApp веќе со години можат да ја менуваат сликата на позадината во разговорите, а сега опциите за прилагодување ќе бидат проширени уште повеќе.
Пристигна нова бета верзија на WhatsApp за Android (2.24.17.19), која ја донесува долгоочекуваната функција за промена на темите за разговор. Според порталот WABetaInfo, корисниците ќе можат да ја менуваат бојата на меурчињата за пораки и сликата на позадината во поединечните разговори.
Според она што може да се види, се работи за функција која Facebook Messenger ја има веќе некое време, а сега конечно ја добива и WhatsApp. Како изгледаат поставките за избор на тема внатре во апликацијата, погледнете на скриншотот подолу.
Треба да се напомене дека корисниците на WhatsApp со години можеа да ја менуваат сликата на позадината во разговорите, но тоа не беше можно да се направи поединечно. Со други зборови, позадината што некогаш сте ја избрале секогаш беше иста во сите разговори.
Засега не е познато кога темите за разговор ќе станат достапни во стабилната верзија на апликацијата, но се шпекулира дека тоа дефинитивно ќе се случи до крајот на оваа година.