Компанијата Honor ќе одржи панел дискусија со фокус на вештачката интелигенција на претстојниот саем за потрошувачка електроника IFA 2024, кој традиционално се одржува во Берлин.
Иако Honor вети дека ќе биде побрз, Honor Magic V2 беше бавен на пат кон Европа. Смартфонот беше претставен во јули 2023 година, но на Стариот континент пристигна дури на крајот на јануари оваа година. Сепак, наследникот ќе пристигне многу побрзо.
Honor ќе претстави три клучни уреди на IFA 2024 саемот во Берлин, и тоа Honor Magic V3, Honor MagicPad 2.12.3 и новиот Honor MagicBook Art 14 2024. Големиот настан е закажан за 5 септември.
Magic V4 е тенок за еден преклопен уред, неговата дебелина изнесува 9,2 мм и многу е лесен со своите 226 грама. Ова го прави поблизок до паметните телефони во стандардна форма, како што е Galaxy S24 Ultra (8,6 мм, 232 грама) или iPhone 15 Pro Max (8,3 мм, 221 грам), отколку до моделите на преклоп како што е Galaxy Z Fold6 (12,1 мм, 239 грама) или Pixel 9 Pro Fold (10,5 мм, 257 грама).
И покрај тоа, уредот го покренува моќниот процесор на Qualcomm, Snapdragon 8 Gen 3, додека се напојува од голема батерија со капацитет од 5.150 mAh, што всушност е поголема од батериите во споменатите смартфони. Смартфонот има и одлични камери, односно главната од 50 MP, 3,5x перископ од 50 MP и ултраширока од 40 MP.Негативна страна веројатно ќе биде неговата цена. Magic V2 на почетокот на продажбата чинеше 2.000 евра, па веројатно и V3 нема да биде евтин. Сепак, тој би можел да стане најдобриот преклопен уред на европскиот пазар.
Сеуште не е познато дали во Европа ќе пристигне и подостапниот Magic Vs3.
Што се однесува до преостанатите два важни уреди, Honor MagicPad 2 има 12,3-инчен OLED екран со стапка на освежување од 144Hz, процесор Snapdragon 8s Gen 3, осум звучници и батерија од 10.050 mAh со поддршка за полнење од 66W.
Како Magic V3, Honor MagicBook Art 13 2024 е многу тенок и лесен со дебелина од 12,95 мм и тежина од 1,03 кг. Лаптопот доби 14,6-инчен OLED екран со формат 3:2 и веб-камера која всушност е модул што се одвојува на левата страна на преносникот, а за фиксирање на горниот дел од екранот користи магнети и пого пинови кога му е потребна на корисникот. Лаптопот може да се набави со Intel Core Ultra 5 125H процесор или Ultra 8 155H со Intel Arc графика, 16 или 32 GB RAM и до 1 TB простор за складирање.