Технолошкиот аналитичар Јогеш Брар објави на социјалната мрежа X дека Samsung планира да преименува одредени модели од претстојната Galaxy S26 серија, што би можело да го врати никогаш непрежалениот Note модел
Samsung наскоро може да направи значителни промени во именувањето на своите претстојни паметни телефони. Според информациите објавени од аналитичарот Јогеш Брар на социјалната мрежа X, промената треба да ја добие серијата Galaxy S26, која се очекува да биде објавена на почетокот на 2026 година.
Имено, најскапиот и најмоќниот модел во серијата, Galaxy S26 Ultra би можел да биде наречен Galaxy S26 Note за да се нагласи вграденото S Pen пенкало. Оваа промена може да ги израдува љубителите на стариот Note, кој влезе во историјата со Note 20 серијата и кој беше заменет со Ultra уште во 2021 година.
Google had a weird name for Fold but they are not the only one
I hear Samsung could do the same
Ultra could be called Note, Plus would be Pro
What sounds better?
Galaxy S25 Ultra or Galaxy S25 Note ?— Yogesh Brar (@heyitsyogesh) August 16, 2024
Покрај тоа, Брар наведува дека Samsung размислува да го преименува Galaxy S26+ во Galaxy S26 Pro, следејќи го светскиот тренд на воведување на Pro верзиите кај многуте производители на паметни телефони. Според аналитичарите, Samsung на тој начин би се прилагодил на актуелните индустриски стандарди и потенцијално ќе привлече клиенти кои не се запознаени со нивната номенклатура.
Сепак, треба да се има предвид дека се работи за непотврдена информација и дека има уште многу време до претставувањето на Galaxy S26 серијата.