Како што границите на домашната забава постојано се прошируваат, Samsung останува на врвот на иновациите со своите телевизори за 2024 год., кои се олицетворение на следната еволуција на смарт телевизорите, интегрирајќи најсовремена AI технологија, напредни процесори и врвни визуелни подобрувања. Овие револуционерни иновации кои Самсунг ги претстави со најновата линија на телевизори со вештачка интелигенција (Samsung AI TV) поставуваат нови стандарди за извонредност кои може да ги искусите со новите Neo QLED 8K, Neo QLED 4K и OLED телевизори кои веќе се окарактеризирани како уреди со ненадминливи перформанси.
Визуелна извонредност во 8K
Моделот Neo QLED 8K QN900D со процесорот NQ8 AI Gen3 дополнително ги поместува границите на квалитетот на сликата благодарение на напредните алгоритми со вештачка интелигенција кои го подобруваат секој пиксел во реално време, додека со 8K AI Upscaling Pro, омилените серии и филмови се трансформираат за да се доближат до 8K екран од фантастични 75 инчи, овозможувајќи им на корисниците да уживаат во супериорно ниво на детали и јасност на сликата. Технологијата AI Motion Enhancer Pro ги прави сцените со брзо движење поглатки и појасни, додека пак Real Depth Enhancer Pro додава неверојатна длабочина на секоја слика. Популарната тек платформа Trusted Reviews го нарече овој модел на телевизор Highly Recommended, истакнувајќи дека „неговата блескава осветленост, извонредниот LCD контраст, обемната боја и револуционерната обработка на зголемување на резолуцијата докажуваат дека не е потребна 8K содржина за да имате корист од 8K телевизор“.
Со моделот Neo QLED 8K QN800D добивате исто така извонреден телевизор напојуван од AI, чиј оптимизиран NQ8 AI Gen2 процесор ги оптимизира звукот, сликата обезбедувајќи искуство во 8К резолуција, без разлика дали станува збор за пренесување на ОТТ услуги, гледање спорт или гејмање. Технологијата Quantum Matrix Technology Pro открива незамисливи детали изразени од најтемните црни до најсветлите бели тонови со 1,5 пати повеќе зони на осветлување од нормалнатата Quantum Matrix.
OLED и Crystal UHD телевизори за најдобра забава, филмови и гејминг!
Феноменалниот OLED телевизор S95D OLED TV 4K ја поседува неверојатната OLED Glare Free функција која штити од отсјај и не дозволува надворешните извори на светлина да го одвлечат вниманието или да го нарушат приказот особено на црната боја. А што се однесува до другите бои, благодарение на ексертското калибрирње, добивате репродукија на бои веродостојна н оригиналната содржина до секоја најмала нијанса. За познатата платформа за технолошки иновации “Sound & Vision” овој телевизор е во категоријата на Top Picks, а дел од рецензијата звучи вака: „Оваа година Самсунг го подобри мапирањето на боите, користејќи ја технологијата на вештачка интелигенција за да анализира и да прикаже повеќе природни бои, особено во суптилностите на тонот на кожата“.
Не само S95D OLED TV 4K, туку и другиот модел S90D OLED TV 4K ја поседуваат функцијата 4K AI скалирање, технологија напојувана од 20 AI невронски мрежи која секоја содржина ќе ја трансформира во речиси 4К резолуција, со приказ на бои потврдени од Pantone. Исто така, да не ги заборавиме гејмерите, на кои можноста да ја прилагодат длаочината на сцените и исклучителната стапка на освежување од 144 Hz ќе им овозможи да можат да стекнат мала предност пред ривалите, додека истовремено уживаат во игрите како што доликува за 2024 година.
Но, покрај OLED TV 4K, тука е и маестралниот big inch телевизор Samsung TV 98-инчен (249 cm) Crystal UHD DU9000, кој исто така се издвојува совршен за секој филмски ентузијаста, спортски љубител или искусен профи гејмер. Со својот масивен ТВ екран од 98 инчи (249 см) и функцијата Supersize Picture Enhancer која користивештачка интелигенција за обработка на слики во реално време и за која било визуелна содрина, тој нуди извонредно доживување при гледањето што целосно ќе ве внесе во светот кој го гледате на екранот, благодарение на Crystal UHD технологијата која обезбедува живописни, реални бои и јасни детали за вистинско уживање во седмата уметност.
Зошто Samsung телевизор?
Ако се прашувате зошто да одберете токму Samsung TV AI, одговорот е следиот: Затоа што е признаен како број 1 бренд на телевизори веќе 18 години по ред и шестократен добитник на CES награди за иновации. Покрај тоа, производителот веќе долго време успешно ја гради приказната за Samsung екосистемот во вашиот дом, олеснувајќи ви многу активности во секојдневието и овозможувајќи ви да уживате во благодетите на модерното живеење. Благодарение на апликацијата SmartThings, можете со вашиот телевизор да управувате од телефонот, или пак на големиот ТВ екран да ги следите поврзаните уреди преку едноставно праќање на известување на вашиот паметниот телефон. Оваа инсталација без напор се применува на сите уреди на Samsung во домот, како и на апарати и IoT уреди од трети страни, благодарение на компатибилноста со Matter. Дополнително, одржливоста и грижата за животната средина секогаш има особено важно место во приоритетите на Samsung и овој пат кажете им збогум на батериите за полнење на далечинскиот управувач SolarCell за вашиот Samsung телевизор и оставете го да се полни со дневна и сончева светлина.
Како и секогаш, безбедноста е на прво место со Samsung Knox. Секоја функција, апликација и платформа има силна заштита за да го задржи вашето поврзано искуство приватно и безбедно, за што Samsung го доби Сертификатот за општи критериуми (СС) за линијата телевизори за 2024 година.
Повеќе информации за телевизорите во овој текст прочитајте на следниве линкови:
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn900d-75-inch-neo-qled-8k-tizen-os-smart-tv-qe75qn900dtxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/qled-tv/qn800d-65-inch-neo-qled-8k-tizen-os-smart-tv-qe65qn800dtxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s95d-77-inch-oled-4k-tizen-os-smart-tv-qe77s95datxxh/
https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s90d-65-inch-oled-4k-tizen-os-smart-tv-qe65s90datxxh/