Кинеската технолошка компанија Huawei го подготвува новиот паметен телефон со троен преклоп за пазарот. Најновите информации најавуваат можен почеток на продажбата во септември.
Телефонот веќе беше забележан во рацете на директорот на одделот за потрошувачи на Huawei, Ричард Ју, па токму овој претставник на кинескиот бренд потврди дека уредот ќе се најде на пазарот следниот месец. Ју го соопшти тоа на свеченост на претставување на електричниот автомобил Stelato S-9, којшто го користи оперативниот систем на HarmonyOS.
Токму во оваа пригода, купувач го прашал за паметниот телефон и кога ќе може да се купи, па следел кус одговор – „следниот месец“.
Телефонот со троен преклоп би требало да има огромен екран од 25 сантиметри, а дали ќе стане дел од серијата Mate и Mate X линијата, останува да се види следниве недели.