Според долгогодишниот аналитичар на Apple, Марк Гурман, технолошкиот гигант од Купертино ќе претстави два модели на AirPods 4 слушалките во септември, едниот модел ќе биде подостапен, а другиот ќе има понапредни функции.
Следниот месец, Apple ќе претстави дури два модели на AirPods 4 безжичните слушалки. Според информациите објавени од аналитичарот на Apple, Марк Гурман во неговиот нов билтен Power On, двата модели ќе го задржат обликот на класичните TWS слушалки и ќе имаат куќиште со USB-C порт.
Едната верзија ќе биде поприфатлива со основна функционалност, додека другата ќе има активно поништување на шумот (ANC) и поддршка за безжично полнење.
Подостапниот модел на AirPods 4 би требало да го замени AirPods 2, додека моделот со ANC ќе претставува понапредна верзија на AirPods 3. Гурман наведува дека и двата модели ќе имаат одредени промени во дизајнот кои ќе ги разликуваат еден од друг, но засега не е познато кои ќе бидат разликите.
Во септември, Apple ќе ја претстави и новата iPhone 16 серија телефони, која повторно ќе содржи четири модели.