Дигитализацијата на сетилото за мирис е нешто на што се надеваат научниците во иднина за полесно да се откријат болестите со користење на мирис.
Човечките сетила – видот, слухот, вкусот, мирисот и допирот, ни помагаат да се снаоѓаме низ светот околу нас. Досега овие сетила беа карактеристични само за живите суштества, но тоа полека се менува.
Развојот на вештачката интелигенција им овозможи на компјутерите да ги имитираат видот и слухот, а една компанија сака да го дигитализира и сетилото за мирис.
Стартапот Osmo се обидува да користи вештачка интелигенција за да им овозможи на компјутерите да генерираат мириси на начинот на кој луѓето генерираат звуци и слики.
Зад Osmo стои Алекс Вилчко, доктор по миризлива неврологија, кој ги усовршил своите вештини за машинско учење во Google Research, каде што работел на проект за да им помогне на компјутерите да предвидат како мирисаат различните молекули врз основа на нивната структура. Тој развил уникатна технологија која треба да го дигитализира човечкото сетило за мирис.
Како што објаснува Вилчко, дигитализирањето на сетилото за мирис може да им помогне на лекарите да откријат одредени болести.
„Знаеме дека мирисот содржи информации што можеме да ги користиме за да откриеме болест. Но, компјутерите не можат да го зборуваат тој јазик и не можат да ги толкуваат тие податоци“, вели Кличко во разговор за CNBC.
Дигитализирањето на сетилото за мирис е нешто на што се надева, а моментално е фокусиран на создавање побезбедни, поодржливи ароматични молекули за мириси во секојдневните производи, од парфем до детергент за перење.
„Мислиме дека можеме подобро, дека можеме да создадеме подобри и побезбедни состојки кои не се токсични, не ја иритираат кожата или очите“, вели Вилчко.
За да го направат ова, Вилчко и неговиот тим го обучиле нивниот модел со вештачка интелигенција на збир на податоци од 5.000 ароматични молекули во различни категории на мириси – цветни, овошни итн.
Меѓутоа, проблемот е што на компјутерите им е тешко да ги анализираат молекулите што ги сочинуваат аромите или мирисите поради нивната сложена структура. Но, благодарение на напредокот во технологијата за вештачка интелигенција, моделот успешно препознал шеми во различните структури на молекули и го применил тоа знаење за препознавање на мирисите на другите молекули.
Вилчко истакнува дека неговата технологија би можела да се искористи за дигитализирање на мирисот, односно за создавање точна копија од него на друго место. На пример, ако некој сними видео на море, покрај видеото и звукот, на вашиот компјутер ќе можете да помирисате сол, горчливи билки и слично.
И со текот на времето оваа технологија би можела да се искористи за рано да се идентификуваат болестите.