Овој потег означува значителен напредок во производствената стратегија на Apple, со оглед на зголеменото значење на Индија како клучна земја за производство на iPhone
Apple за првпат планира да произведува модели од својата најмоќна Pro линија мобилни телефони во Индија. Според најновиот извештај на Bloomberg, Foxconn, долгогодишен партнер на Apple, ќе започне со производство на претстојните iPhone 16 Pro и Pro Max во своите капацитети во Индија само неколку недели по нивното лансирање.
Инаку, Apple произведува одредени модели на iPhone во Индија веќе седум години, а според информациите објавени на почетокот на оваа година, најнаселената земја во светот моментно има 14 отсто од вкупното производство на iPhone.
Овој процент се очекува да порасне на 25 проценти веќе следната година, а исто така се шпекулира дека производството на модели од идната iPhone 17 серија би можело да биде исклучиво лоцирано во Индија.