Откако ќе биде објавен, One UI 7 најпрвин ќе биде достапен во седум земји, а ажурирањето ќе се воведува постепено на мобилните телефони, при што први ќе го добијат корисниците во Јужна Кореја, Германија и САД.
Бета верзијата на најновото издание на корисничкиот интерфејс на Samsung базирана на Android 15 требаше да биде објавена овој месец, но сепак е одложена. Според порталот Sammobile, One UI 7 бета ќе биде објавена во текот на септември, но се уште не се знае точно кога.
Иако официјално не е потврдено што го предизвикало доцнењето, се чини дека причината лежи во доцнењето на ажурирањето на One UI 6.1.1, кое се уште се дистрибуира до постарите телефони на Samsung.
[UPDATE] In the upcoming days, the rollout of One UI 6.1.1 will be extended to many more countries! 🎉 The One UI 7 beta/Android 15 has been postponed to September. 🗓️ #OneUI #Android15 #OneUI7
— SamMobile – Samsung news! (@SamMobiles) August 21, 2024
Според претходните извештаи, One UI 7 најпрвин ќе биде достапен во седум земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Кина, Германија, Индија, Полска, САД и Обединетото Кралство. Ажурирањето ќе се спроведува постепено, а корисниците во Јужна Кореја, Германија и САД ќе бидат првите во редот за добивање на новиот софтвер.
Корисниците кои сакаат први да ги испробаат новите функции на One UI 7 можат да се пријават за бета верзијата преку апликацијата Samsung Members.
J