Кинескиот технолошки гигант Xiaomi објави дека во вториот квартал од годината забележал поголем приход од очекуваниот, а исто така за прв пат го објави финансискиот придонес на автомобилскиот бизнис. За трите месеци, во периодот до крајот на јуни, приходите на компанијата се зголемилеза 32 отсто на 88,9 милијарди јуани (12,5 милијарди долари), а прилагодената нето добивка е зголемена за 20,7 отсто на 6,2 милијарди јуани.
Автомобилскиот бизнис донесе околу 6,2 милијарди јуани, но продолжува да работи со загуба. Xiaomi започна со испорака на своите автомобили SU7 на почетокот на април, откако стана јасно дека нивните цени ќе се натпреваруваат со оние на Tesla. Во вториот квартал, компанијата испорачала 27.307 возила, генерирајќи приход од 6,2 милијарди јуани.
Во конференциски повик по објавувањето на резултатите, претседателот на Xiaomi, Лу Вајбинг рече дека е уверен дека компанијата ќе ја постигне својата цел да испорача 120.000 автомобили до крајот на годината. Од јуни, Xiaomi воведе работа во смени за да се осигура дека месечните испораки на автомобили ќе надминат 10.000 примероци, Инаку, во овој период автомобилскиот бизнис работеше со загуба од 1,8 милијарди јуани.
Глобалниот пазар на паметни телефони покажува знаци на закрепнување од крајот на минатата година, а резултатите на Xiaomi тоа и го покажуваат. Испораките на паметни телефони на компанијата во вториот квартал се зголемија за 27,4% на 42,3 милиони примероци, што и помогна да се смести на третата позиција на глобално ниво со пазарен удел од 14,8%, според податоците IDC. Во Кина, испораката на паметни телефони пораснала за 16,5%.