Xiaomi на 22 февруари оваа година во Кина го претстави Xiaomi 14 Ultra, еден од смартфоните со најдобри камери, а потоа беше лансиран на глобалниот пазар на Мобилниот конгрес во Барселона. Се чини дека кинескиот гигант избра сличен план и за следната генерација, поточно за претстојниот Xiaomi 15 Ultra.
Познатиот типстер Јогеш Брар тврди дека Xiaomi 15 Ultra ќе биде претставен во Кина во јануари, непосредно пред Лунарната Нова Година, односно на 29 јануари, 2025 година. Тој открива и дека глобалното деби ќе се случи на MWC 2025 во Барселона, кој ќе се одржи од 3 до 6 март, што значи дека ќе пристигне малку подоцна од неговиот претходник. Како и секогаш, ќе треба да почекаме официјални информации од Xiaomi.
Претходните гласини навестуваат дека Xiaomi 15 Ultra ќе го покренува претстојниот процесор на Qualcomm – Snapdragon 8 Gen 4, а Брар откри нови детали. Тие вклучуваат нова перископ телефото камера од 200 MP, која ќе ја замени онаа од 50 MP во Xiaomi 14 Ultra. Флегшипот ќе има вкупно четири задни камери, а покрај споменатата ќе има и три од 50 MP. Овој пат тие беа развиени во соработка со компанијата Leica.
Покрај тоа, уредот треба да понуди неколку интересни опции за материјал за задниот панел, вклучувајќи стакло, керамика и веганска кожа, од кои секоја веројатно ќе биде во различни бои.