Долгогодишниот аналитичар на Apple и новинар на Bloomberg, Марк Гурман објави дека Apple ќе одржи големо претставување на новите iPhone уреди на 10 септември. Почетокот на нивната продажба треба да следува 10 дена подоцна
Според информациите што ги објави Марк Гурман од Bloomberg, Apple го планира 10 септември како датум за својот следен голем настан, каде што ќе претстави нови производи. Главна ѕвезда на презентацијата ќе биде новата iPhone 16 серија смартфони, а ќе бидат претставени и нови модели на Apple Watch и AirPods слушалки.
Доколку овој настан навистина се одржи на 10 септември, како што тврди Гурман, продажбата на новите уреди би можела да започне веќе десет дена подоцна. Иако Apple сè уште ништо официјално не потврдил, треба да се запомни дека Гурман е релативно сигурен кога се во прашање информациите поврзани со технолошкиот гигант од Купертино.
Што се однесува до промените што ги носи новиот iPhone 16, стандардните модели би требало да бидат опремени со A18 Bionic чип, додека Pro верзиите ќе ја користат неговата подобрена Pro верзија. Секој од моделите ќе има 8 GB RAM, поддршка за Wi-Fi 7, Qualcomm 5G чип и OLED екран со технологијата на микролеќи. ProMotion ќе остане резервиран само за Pro линијата.
Кога станува збор за камерите, промените ќе бидат минимални, со можност за воведување 5x телефото сензор кај Pro моделите. Малку ќе се зголеми и капацитетот на батеријата, со најголем пораст кај моделот Pro Max. Цените на новите уреди би можеле да бидат малку повисоки поради зголемените трошоци за компоненти, но не се очекуваат драстични промени во однос на сегашните iPhone 15 модели.
Од останатите уреди, не се зборуваше многу за тоа што ќе донесе новиот Apple Watch, но се шират гласини дека Apple ќе претстави два модели на AirPods 4 – еден со прифатлива цена кој нема да има напредни функции и еден модел кој ќе пристигнете со активно поништување на шумот и безжично полнење.