Zoom објави дека повиците за вебинари на платформата сега можат да поддржуваат до милион учесници истовремено.
Ова се случи откако различни политички групи ја искористија платформата за да соберат пари за изборната кампања на Камала Харис, честопати упатувајќи повици до стотици илјади луѓе.
Zoom сега нуди различни нивоа за хостирање големи настани. Корисниците можат да изберат вебинари со максимален капацитет од 10, 50, 100, 250 или 500 илјади и секако, милион учесници.
Платформата има визија кaко ќе се користи оваа новина – за масовни виртуелни настани, насочени кон индустријата за забава и јавниот сектор.
Ова секако не е евтино, па затоа организираните вебинари за милион луѓе ќе чинат 100.000 долари.
Пред ова, Zoom користеше официјална поддршка за најмногу 100.000 учесници. Новата промена би можела да биде интересен извор на приход за Зум, кој моментално се бори со падот на цените на акциите.


