Apple денеска ги испрати поканите за својот медиумски настан фокусиран на iPhone, што ќе се одржи во понеделник, 9 септември во Apple Park кампусот во Купертино. Настанот насловен „It’s Glowtime“ е закажан за 19 часот по македонско време, а поканети да присуствуваат се одредени претставници на медиумите.
На годинашниот настан, Apple ќе ја претстави iPhone 16 серијата смартфони, новите модели на Apple Watch и AirPods 4, а плус ќе добиеме официјални датуми за лансирање на iOS 18, macOS Sequoia и другите софтверски надградби на Apple.
Сите четири нови iPhone модели се очекува да имаат прилагодливо Action копче и ново Capture копче за фотографирање, коe ќе има вградени гестови, како што е повлекување за зумирање и одзумирање или меко притискање за автоматско фокусирање. Capture копчето за сликање ќе биде сместено на десната страна на уредите под копчето за вклучување.
Apple ќе го користи A18 чип во сите модели, така што целата iPhone 16 линија ќе може да ги поддржува функциите на Apple Intelligence што доаѓаат со iOS 18. Не се очекуваат други големи нови функции за стандардните модели на iPhone 16, но Pro линијата ќе добие зголемување на големината на екранот, од 6,1 и 6,7 инчи, на 6,3 и 6,9 инчи, соодветно, за Pro и Pro Max. И двата модели ќе ја вклучат5x телефото опцијата за зумирање што беше ексклузивна за Pro Max минатата година.
We’re glowing with excitement! Monday, September 9. #AppleEvent pic.twitter.com/QRVyZtqXYA
— Greg Joswiak (@gregjoz) August 26, 2024
Во однос на Apple Watch, стандардната серија 10 се очекува да има потенок дизајн со поголем дисплеј, но промената нема да биде радикална. Apple планира да ги освежи и Apple Watch SE и Apple Watch Ultra, а може да видиме и нови здравствени функции, како што се откривање на апнеја при спиење и следење на крвниот притисок, но сè уште не е целосно јасно дали Apple ќе ги подготви навреме за годинашното лансирање.
Пристигнуваат и два модели на AirPods 4, еден што е директен наследник на тековните AirPods 3 и еден што е чекор напред со поддршка за Active Noise Cancellation, по цена што не е толку висока како AirPods Pro моделите.
Apple планира есенскиот настан да го пренесува во живо на својата веб-страница, на YouTube и преку апликацијата на Apple TV. За оние кои не можат да гледаат, MacRumors ќе обезбеди целосно покривање на настани на MacRumors.com и на сметката на Twitter MacRumorsLive.