Компанијата Caviar од Дубаи, која е позната по своите луксузни уреди, ги претстави своите модифицирани модели на смартфонот Samsung Galaxy Z Flip 6.
Станува збор за уреди кои се дел од колекцијата инспирирана од тенисот, која му оддава почит на US Open. Новата колекција се вика Elegance и вклучува две прилагодени верзии на Galaxy Z Flip 6, а тоа се Emerald и Sapphire.
Куќиштето на моделот Emerald е обложено со зелена Chevre кожа, влошките содржат 24-каратно злато, а смартфонот е украсен со 16 Swarovski кристали.
Од друга страна, куќиштето на моделот Sapphire е обложено со сина Chevre кожа и содржи влошки од 22-каратно сребро. Овој модел има и 16 Swarovski кристали.
Emerald се нуди со 256 и 512 GB внатрешна меморија по цени од 8.770 и 8.130 долари, додека Sapphire чини 9.770 и 10.130 долари.
Caviar ќе произведе 99 примероци од двата модела, кои ќе можат да се купат преку веб-страницата на компанијата.