Според информациите од програмерите кои присуствуваа на годинашниот Gamescom, може да се заклучи дека презентацијата на PlayStation 5 Pro не е толку далеку.
Три години откако PlayStation 4 се појави на пазарот, Sony претстави помоќна верзија на PlayStation 4 Pro конзолата. Од друга страна, PlayStation 5 беше лансиран во ноември 2020 година, но јапонската компанија сè уште официјално не објави кога PlayStation 5 Pro би можел да ја види светлината на денот.
Меѓутоа, ако треба да се процени според информациите што ги доби италијанскиот новинар на италијанскиот Multiplayer на годинешниот Gamescom, посилната верзија на PlayStation 5 не е толку далеку. Еден девелопер откри дека морал да ја одложи својата игра поради објавувањето на PlayStation 5 Pro, што укажува на претстојна најава на конзолата. Слични информации дознаа и новинарите од порталот Wccftech и открија уште еден детал.
Имено, им било кажано дека Unreal Engine 5 на PlayStation 5 Pro ќе има многу подобри перформанси отколку на стандардниот PlayStation 5. Конкретни детали не се откриени, но ако им се верува на претходните гласини, се очекува подобрување на перформансите за цели 45 проценти, што секако ќе се почувствува.
Сè уште не е познат точниот датум на објава, но се почесто се зборува дека тоа би можело да се случи наесен.