Останува многу малку време до официјалната премиера на следната iPhone 16 серија смартфони на Apple. Сепак, пред закажаниот настан на 9 септември, веќе сме сведоци на видео клипови кои прикажуваат некои од наводните уреди.
За почеток, на социјалната мрежа X беше споделено видео во кое се чини дека го гледаме основниот iPhone 16. Тој е во црна боја и се издвојува главната промена на дизајнот, поточно вертикалниот дел со главната камера.
Во овој случај, телефонот е изложен на дожд. Сепак, ова не би требало да претставува проблем, бидејќи модерните iPhone уреди се сертифицирани за отпорност на прашина и вода.
iPhone 16 is so hot 🔥 pic.twitter.com/BEu2Vr8b3c
— Majin Bu (@MajinBuOfficial) August 28, 2024
Потоа, во видео од 24 секунди, може да го видиме и отпакувањето на iPhone 16 Pro Max во бронзена титанумска боја (Desert titanium). Оваа опција na боја може да биде ексклузивна само за моделот Pro Max, а видеото го прикажува и очекуваното ново Capture копче наменето за фотографирање и снимање видеа.
Треба да напоменеме дека прикажаните телефони се најверојатно макети, бидејќи не ги гледаме нивните екрани.