Huawei официјално го претстави својот нов систем TruSense пред светската јавност, а се работи за уникатен иновативен систем кој со себе носи уште една технолошка пресвртница.
Huawei официјално го претстави својот нов систем TruSense пред светската јавност. Станува збор за уникатен систем на иновации што со себе носи уште една технолошка пресвртница, која им овозможува на корисниците да користат прецизни, научно засновани технологии за следење на здравјето и фитнес активностите.
Huawei го претстави својот прв уред за носење пред 11 години и до денес има испорачано над 150 милиони производи од овој тип, придобивајќи повеќе од 520 милиони корисници на апликацијата Huawei Health за тоа време. Според IDC, во првиот квартал од 2024 година, Huawei беше на првото место во светот по бројот на испорачани уреди за носење и во исто време водечки бренд на носечки уреди на кинескиот пазар во последните пет години.
Huawei TruSense мери повеќе од 60 индикатори на здравје
„Huawei TruSense за нас е голем напредок кога станува збор за технологијата на производство на сензори за здравје и фитнес, поради што Huawei ќе остане на водечката позиција и во иднина кога станува збор за технолошки развој од овој тип. Овој напредок во следењето на здравјето дополнително ќе им помогне на корисниците да водат поздрав начин на живот“, рече Рико Жанг, претседател на линијата за паметни производи за здравствени и носечки производи на Huawei, говорејќи на неодамнешниот Huawei TruSense настан.
Имајќи предвид дека денешните потрошувачи ширум светот се грижат за своето здравје повеќе од кога било досега, побарувачката за практично, сеопфатно и точно следење на здравствените параметри постојано се зголемува. Во овој поглед, Huawei одговори на ова барање со лансирање на систем кој ги интегрира сите најнови случувања на компанијата во следењето на виталните знаци. Системот Huawei TruSense носи нова парадигма на дигитално следење на здравјето и фитнесот дефинирано со шест клучни карактеристики: точност, сеопфатност, брзина, флексибилност, отвореност и повторување.
Со цел да се надминат бројните предизвици кога станува збор за работата на сензорите под различни услови, Huawei инвестираше многу во истражување во областа на оптичките, електричните и материјалните науки. Благодарение на иновациите, точноста на основните индикатори како што се отчукувањата на срцето, SpO2 и крвниот притисок сега се сертифицирани од реномирани индустриски тела.
Huawei TruSense мери повеќе од 60 индикатори за здравје и фитнес, покривајќи шест главни системи на човечкото тело, а исто така вклучува и компонента на благосостојба. Сензорите го следат пулсот на корисникот и податоците на автономниот нервен систем. Овие податоци се внесуваат во алгоритам кој создава проценка на благосостојбата на корисникот и нивото на стрес, за да им помогне на корисниците да уживаат во придобивките од здравото тело и ум.
Флексибилноста, отвореноста и континуираните подобрувања на системот Huawei TruSense ги охрабруваат партнерите од сите делови на светот и секој дел од дигиталниот здравствен екосистем да учествуваат во обликувањето на иднината на технологијата за здравје и фитнес. Во оваа прилика, Huawei соработуваше со преку 150 партнери на пионерско истражување во области кои се движат од далечинска здравствена заштита до управување со семејното здравје.
Во желбата да ги израдува своите корисници со повеќе иновации, Huawei и во следните години ќе се стреми да остане на врвот кога станува збор за развојот на науката за здравје и фитнес, а првите производи со Huawei TruSense технологијата ќе бидат во продажба веќе во септември.