Постепено, сведоци сме на многу гласини поврзани со наводниот следен Ultra флегшип на Xiaomi. Секако, станува збор за Xiaomi 15 Ultra, а интересот за него е голем, со оглед на позиционирањето на моделот.
Сега дојавувачот Digital Chat Station открива дека компанијата планира да го лансира уредот порано од вообичаеното. На тој начин, моделот би можел да се појави во јануари, а според него, овој потег би можел да се поврзе со желбата на Xiaomi потенцијално да се натпреварува со Samsung Galaxy S25 Ultra, кој исто така се очекува во јануари.
Значи, постои потенцијална можност меѓународното деби на телефонот да се одржи на почетокот на годината. Потсетуваме дека Xiaomi 14 Ultra се појави во февруари.
Претходните податоци сугерираат дека Xiaomi 15 Ultra ќе има четири камери. Ќе се состои од еден сензор од 200 MP и три 50 MP. Ова ќе биде подобрување во однос на Xiaomi 14 Ultra, кој има четири сензори од 50 MP. Покрај тоа, најверојатно ќе се базира на Snapdragon 8 Gen 4 чипсет.