Иновативноста во процесите и услугите е една од најсилните карактеристики на Халкбанк, банка, која преку употреба на приспособени тактики и стратегии секојдневно создава и ги модернизира производите и услугите за клиентите во согласност со светските трендови, а со цел олеснување на банкарското искуство на физичките и правните лица и понуда на соодветна финансиска едукација.
Халкбанк денес е лидер на пазарот во понуда на услуги и производи креирани според потребите на клиентите, како и воведување нови технологии и обезбедување брза услуга преку високоразвиена, модерна платформа на алтернативни канали.
Благодарение на Халкбанк на домашниот пазар беа лансирани Mastercard PayPass картичките за бесконтактно плаќање и беше воведена NFC и Contactless технологијата која овозможува бесконтакно и брзо плаќање со Contactless картички што денес е веќе секојдневие. Воедно, прва на пазарот ја воведе и PCI DSS сертификацијата за поголема сигурност на банкарските трансакции.
Таа е пионер на пазарот во имплементирање на услугата електронско банкарство, а прва на пазарот воведе и мобилна апликација наменета за правни лица, за Андроид и IOS оперативни системи на Google Play и APP Store. Со воведувањето на ваков тип на апликација се обезбеди и дополнителна предност за зголемување на трансакциите преку дигиталните канали. Апликациите за електронско банкарство и мобилната апликација за правни лица нудат широк спектар услуги кои го поедноставуваат процесот на менаџирање на финансиите на правните субјекти.
Халкбанк постојано ги надградува и своите ПОС терминали и АТМ-и каде е овозможена и опцијата за депонирање средства на својата сметка. Овој тип на cash-in банкомати им овозможува на правните лица да уплаќаат дневен пазар без притоа да имаат потреба од посета на најблиската филијала.
За првпат банката понуди и бонус програма за кредитните картички, како и опцијата „Smart Cash“ за повлекување готовина од банкомат без користење картичка, односно со генерирање на код преку електронското банкарство или мобилната апликација.
Од иновативни производи би ги издвоиле и апликациите HalkPay со која мобилниот телефон станува паричник или GarminPay, со која може едноставно и брзо да се плаќа со Garmin часовник преку дигитализација на платежните картички.
Халкбанк е меѓу првите банки што има овозможено онлајн отвoрање на депозитен и на кредитен производ, со кои на едноставен начин, во неколку чекори клиентот може да креира депозит од компјутер или мобилен телефон, или може да добие дополнителни средства на својата сметка користејќи го онлајн кредитот преку своето мобилно или електронско банкарство, а без физичка посета на банка.
Како модерна финансиска институција банката континуирано го следи развојот на новите технолошки и информатички трендови и соодветно ги аплицира во своите услуги и производи. Согласно досегашната пракса, Банката и во иднина ќе ги следи трендовите во банкарството во развиените земји и со голем know-how и од матичната банка, ќе продолжи со воведување производи базирани на истите.
Како лидер во повеќе сегменти во банкарскиот сектор, Халкбанк посветено работи и придонесува за развојот на бизнис заедницата преку поддршка на компании кои имаат тенденција да прераснат во бизнис лидери, како и поддршка на бизнис проекти кои имаат потенцијал да придонесат за унапредување на економскиот или општествениот развој на државата. Затоа, оваа година Халкбанк е главен и ексклузивен партнер на проектот „Бизнис лидер“ кој го прославува успехот на македонските компании кои придонеле за економскиот раст и развој на Северна Македонија, истакнувајќи ги успешните приказни и нивните достигнувања.