Двата уреди треба да понудат 6,67“ AMOLED дисплеи со брзина на освежување до 144 Hz, поддршка за HDR10, HDR10+ и Dolby Vision и максимална осветленост од 4000 нита (700 нита типична, 1600 нита HB).
Оваа есен очекуваме Xiaomi да објави нови модели во средниот сегмент кои ќе бидат дел од Т серијата, која вклучува моќни смартфони по поприфатливи цени во однос на водечките серии на годината. Веќе некое време зборуваме за очекуваните Xiaomi 14T и 14T Pro, кои ќе ја наследат 13T серијата што беше најавена во септември минатата година.
Xiaomi 14T Pro веројатно ќе се базира на Redmi K70 Ultra моделот, кој веќе беше најавен во Кина, но со одредени промени. Во меѓувреме, францускиот сајт dealabs.com ги објави деталните технички спецификации на двата модели, боите и нивните очекувани цени во Франција, кои веројатно ќе важат и за остатокот од Европа.
Во Франција, Xiaomi ќе ги нуди уредите само во една мемориска конфигурација, но и двата модела ќе бидат достапни во три бои – титаниум сива, титаниум црна и титаниум сина. Што се однесува до цената, Xiaomi 14T со 12/256GB меморија ќе чини 649 евра, а Xiaomi 14T Pro со 12/512GB меморија ќе чини 899 евра. За споредба, цената на Xiaomi 13T Pro започна од 799 евра за моделот 12GB + 256GB, а цената на 13T стартуваше од 649 евра за 8GB + 256GB.
Што се однесува до спецификациите на екраните, двата уреди треба да понудат 6,67“ AMOLED дисплеи со брзина на освежување до 144 Hz, поддршка за HDR10, HDR10+ и Dolby Vision и максимална осветленост од 4000 нита (700 nits типична, 1600 нита HB ). Меѓу другите параметри се PWM затемнување на 3840Hz и детекција на допир на 2160Hz.
🚨 UPCOMING RELEASE 🚨
Here are full specs with pricing in euros of the upcoming mobile phones from Xiaomi in Europe,
Xiaomi 14T &
Xiaomi 14T Prohttps://t.co/8FRtbjILB1— billbil-kun (@billbil_kun) August 30, 2024
Главната камера кај двата телефона ќе биде тројна со главен сензор од 50MP (f/1.62), 50MP (f/1.98) со 2.6x телефото објектив и 12MP (f/2.2) со ултраширока оптика. Сепак, 14T Pro треба да користи физички поголем сензор – 1/1,31” во споредба со 1/1,56”, што треба да ја подобри чувствителноста на светлина. Селфи камерата на двата модели е 32 MP.
Ако му се верува на Dealabs, Xiaomi 14T Pro ќе користи MediaTek Dimensity 9300+ чипсет, додека другиот уред ќе го покренува MediaTek Dimensity 8300-Ultra. Според информациите, уредите ќе бидат водоотпорни со IP68 сертификат и ќе вклучуваат батерии со капацитет од 5000 mAh. Xiaomi 14T Pro ќе поддржува безжично полнење на 50 вати, но засега нема информации за моќта на жичното полнење. Нема податоци за тоа каков тип на полнење ќе поддржува Xiaomi 14T.