Blue Origin денеска испрати шест туристи во суборбиталниот простор, а целата мисија мина без проблем.
Лансирањето на ракетата New Shepard како дел од мисијата NS-22 се случи од вселенски центар во близина на Ван Хорн, Тексас. Ова беше шести лет со екипаж и четврти со шестчлен екипаж.
Тоа се инженерот и истражувач Сара Сабри, претприемачот Марио Фереира, истражувачот и пензиониран финансиски менаџер Ванеса О’Брајан, пензионираниот воен менаџер Клинт Кели Трети, поранешниот телекомуникациски бизнисмен Стив Јанг и комичарот Коби Котон.
Сите тие беа сместени во капсулата RSS First Step со шест прозорци, каде што доживеаја патување во вселената.
Бустерот New Shepard успешно слета на земја по завршувањето на мисијата, по што следеше слетувањето на капсулата со астронаутите. Потоа, им се обрати тимот за опоравување, како и членовите на нивните семејства за да им посака добредојде.
Новата ракета New Glenn на Blue Origin ќе дебитира оваа година.