Интерфејсот за префрлување помеѓу различни сметки на Google добива нов, поубав дизајн на веб и мобилни уредите, поради полесно користење
Налозите на Google се клучот за многу придобивки на интернет. Покрај пристапот до голем број апликации на Google и Workspace алатките, ги овозможуваат и придобивките од користењето на системот за еднократно најавување (SSO) на компанијата, кој е поддржан од многу други сајтови, заштедувајќи од напорот секој пат да креирате нова сметка.
Сепак, ова од друга страна значи дека многу почесто го користите интерфејсот на Google за најавување на профилот. Веб-интерфејсот беше првиот што доби освежен изглед со модернизирани елементи во облик на „пилула“, а Google наводно планира сличен редизајн на интерфејсот и на мобилните уреди.
Новиот дизајн на префрлаќот меѓу Google сметките на веб има почист дизајнерски стил, додека чувството за простор се припишува и на преместените елементи на екранот, како истакниоѕт поздрав што гласи „Избери сметка“ или „Најави се“. Типсетор@Assemble Debug на платформата X изјави дека постои голема веројатност дека менувачот на мобилни сметки наскоро ќе личи на десктоп верзијата.
Тој пронајде убедливи докази во кодот за многуте апликации на Google во текот на изминатите неколку недели, вклучувајќи ја и апликацијата Keep Notes. Тој посочи и на неколку линии код во нив, кои се јасни знаци за претстојната промена.
Подгответе се за повеќе заоблени агли
Иако програмерскиот код на апликацијата моментно не поддржува вчитување на новиот интерфејс, лесно е да се види како Google може лесно да го пренесе интерфејсот за префрлање помеѓу налозите, што се користи на веб и да го примени истиот дизајн на која било од своите мобилни апликации. Во сите апликации, повеќето копчиња остануваат на истите позиции, а елементите одвоени со линии во табовите сега се групирани во помали табови.
Кодот навестува дека во апликациите ќе може да се види поздрав сличен на оној на веб, проследен со опаѓачко мени за секундарните сметки што можеби ги имате. Се надеваме дека овој нов дизајн ќе биде вовеен што е можно поскоро, наместо да не држат во неизвесност, пренесува Android Police.