Откако ја додаде функционалноста за паралелно инсталирање ови апликации претходно оваа година, Play Store сега воведува и поддршка за преземање на повеќе ажурирања на апликации за Android во исто време
Доколку сте меѓу корисниците кои не ги ажурираат често своите апликации за Android, тогаш знаете дека во Google Play продавницата тие се преземаат една по друга, а не паралелно, што доста би го олеснило процесот. Сè додека не заврши преземањето и инсталацијата, следната апликација не започнува да се презема. Ова може да биде особено досадно ако треба да поминете низ огромна листа на ажурирања.
Сепак, Google сега воведува промена која ќе ја елиминира оваа здодевна околност. Откако ја додаде функционалноста за паралелно инсталирање на нови апликации претходно оваа година, продавницата сега воведува и поддршка за преземање на повеќе ажурирања на апликации за Android во исто време.
Досега, оваа можност опфаќаше само нови инсталации, но сега тоа ќе се однесува и на ажурирањата. Не е јасно дали ова е промена на серверот или ажурирање на Google Play Store, но дефинитивно ќе биде добредојдено за корисниците.
Откриено е дека ќе биде можно да се преземат до три ажурирања на апликации во исто време. Ова се совпаѓа со App Store на iOS, каде исто така можете да преземете најмногу три апликации одеднаш.


