Новите додадени карактеристики на апликацијата Samsung Food помагаат во лесната организација на секојдневната исхрана и постигнувањето на цели за благосостојба врз основа на Листата со храна на корисникот и персонализираните препораки за рецепти
Samsung Food+ со Vision AI препознава состојки на фотографии направени со мобилен телефон и ги додава на Листата со храна која се споделува на Family Hub™ екранот
Samsung Electronics објави нови карактеристики и ажурирања за апликацијата Samsung Food – персонализирана AI платформа за храна и рецепти — за да ја прослави првата годишнина, и сите тие ќе бидат прикажани на саемот IFA 2024. Од своето деби на IFA минатата година, апликацијата Samsung Food привлече над шест милиони корисници[2], станувајќи суштинска алатка за планирање на оброци и готвење во модерниот дом. Најпопуларните карактеристики на платформата вклучуваат функции за Рецепти (Recipe), Листа за пазарење (Shopping List) и Планер на оброци (Meal Planner).
„Во ситуација кога луѓето сакаат од својата храна да добијат повеќе— со помош на нивните апарати — ние сме возбудени што ја надградуваме платформата Samsung Food со различни видови моќни нови функционалности,“ изјави Мујунг Ли (Moohyung Lee), извршен потпретседател и раководител на тимот за корисничко искуство во одделот за дигитални апарати во Samsung Electronics. „Со фокус на корисничките искуства, ние постојано ќе ја подобруваме платформата со вештачка интелигенција и други технологии за да ја помогнеме подготовката на полесни, поедноставни и поздрави оброци.“
Искористете ги придобивките од прилагодените искуства со храната
Samsung Food е сеопфатна платформа за храна достапна на различни уреди на Samsung, вклучително на апаратите за домаќинство, но и надвор од нив. Samsung Food+, врвна претплатничката услуга[1] на Samsung Food, го подига искуството со интегрирање на здравствен профил и цели, обезбедувајќи персонализирани планови за оброци со препораки за рецепти. Со додадената вештачка интелигенција корисниците ширум светот добиваат различни функционалности.
Samsung ја прави подготовката на храна попрактична со воведување на технологијата Vision AI за Samsung Food+, која им овозможува на корисниците да додаваат ставки на нивната Листа со храна со едноставно фотографирање на прехранбени артикли со паметен телефон.
Другите придобивки од претплатничката услуга Samsung Food+ вклучуваат автоматско додавање на купените состојки на Листата со храна кога корисниците ќе го завршат купувањето во продавницата или онлајн, како и пребарување на рецепти врз основа на содржината на Листата со храна. Корисниците, исто така, можат да добиваат известувања кои ќе им помогнат да ги искористат артиклите пред рачно поставениот рок на траење, помагајќи да се намали отпадот од храна.
Samsung Food+ понатаму обезбедува планови за оброци врз основа на Листата со храна на корисниците и така го помага остварувањето на целите за одржлива исхрана со персонализирање на секој план врз основа на состојките од Листите со храна на корисниците, давајќи им приоритет на оние чијшто рок на траење речиси истекува. Со новата функција Пребарувај со твојата Листа со храна (Search with Your Food List), рецептите во кои се користат состојките наведени во нивните Листи со храна ќе се појават на врвот на резултатите од пребарувањето за да им дадат на корисниците идеи за тоа што може да подготват со она што го имаат. Препораките за рецепти, исто така, се обезбедуваат врз основа на Листата со храна. И сè што е искористено од Листата со храна се препорачува да се додаде на Листата за пазарење. Овој интелигентен пристап помага во одржувањето на залихите и го намалува отпадот од храна обезбедувајќи свежи и вкусни оброци.
Достигнете здравствени цели со персонализирани планови за оброци
Samsung Food сега има напредни алатки дизајнирани да им помогнат на корисниците подобро да го одржуваат своето здравје и да ги постигнат целите за благосостојба. Платформата обезбедува планови кои го следат и контролираат внесот на калории во рамките на дневниот распоред на оброци, без разлика дали за рецепти или поединечни намирници. Таа нуди „Приспособени за вас“ планови, обезбедувајќи неделни препораки за рецепти и ужини врз основа на прехранбените потреби на корисниците, избрани диети и претходни преференции за рецепти. Системот го следи внесот на макронутриентите во рамките на дневните планови за оброци и дозволува прилагодливи норми за внес на калории и макронутриенти заради постигнување на личните здравствени цели. Додека корисниците на Samsung Food добиваат препораки три дена во неделата, оние кои плаќаат и се претплатени на Samsung Food+ добиваат препораки цела недела, а интелигентната платформа, исто така, ги зема предвид рачно поставените рокови на траење на состојките.
Сега достапна на осум јазици во 104 земји, апликацијата Samsung Food обезбедува сите ажурирања да бидат достапни на секој од осумте јазици на регионите во кои е платформата достапна.