Новиот Huawei Mate 70 Pro донесува унапреден дизајн и хардвер со подобрена главна камера од 60 MP и напредна обработка со вештачка интелигенција за уште подобри фотографии.
Ако минатогодишното издание на Huawei Mate 60 треба да се земе како репер, наскоро треба да се појави и Mate 70 серијата. Иако гласините за Mate 70 Pro моделот беа релативно непрецизни и прилично несигурни, најновите информации и податоци укажуваат на некои посериозни промени во дизајнот и хардверот во споредба со претходникот Mate 60 Pro.
Главниот фокус на новите информации е на задната страна и дизајнот на испакнатоста на која се наоѓа системот на камери. Леќите сè уште се поставени во кружна формација, но надворешниот стаклен прстен е подебел, додека LED блицот е поместен на дното на прстенот заедно со нов натпис „AI-DC“. Овој натпис веројатно се однесува на подобрена обработка на фотографиите со помош на вештачка интелигенција.
Не е големо изненадување што Mate 70 Pro ќе има нов Kirin 9100 чипсет, но главната камера исто така добива важна промена. Новиот Mate 70 Pro ќе користи главен сензор од 60 MP, наместо претходните 50 MP, додека ултрашироката камера од 12 MP и телефото периско камерата од 48 MP со 5x оптички зум ќе останат непроменети, барем на хартија.
Ќе биде заменета и предната селфи камера. Mate 70 Pro ќе понуди сензор од 48 MP, со поддршка за 3D ToF сензор за напредно препознавање на лицето, заменувајќи го стариот сензор од 32 MP, пренесува GSM Arena.