Кинеската компанија токму за 9 септември најави медиумски настан, на кој ќе го претстави својот телефон со тројно преклопување.
Apple на 9 септември ќе ја претстави долгоочекуваната iPhone 16 серија, која секако ќе го привлече вниманието на потрошувачите, но на истиот ден за внимание ќе се бори и Huawei. Кинеската компанија токму за 9 септември најави медиумски настан, на кој ќе го претстави својот смартфон со тројно преклопување.
Иновативниот уред веќе бепе забележан во рацете на шефот на производи за широка потрошувачка, Ричард Ју, што секако сугерира дека е подготвен за официјално лансирање. Новиот производ се очекува да биде со дебелина од околу 5 мм кога ќе се расклопи и околу 15 мм кога ќе се преклопи.
Huawei is about to release the world's first three-fold mobile phone, which will be released at the same time as the iPhone 16 series. pic.twitter.com/ojuoUKuyg2
— ICE UNIVERSE (@UniverseIce) September 2, 2024
Поради обликот, уредот може да понуди поголем дисплеј во отворена состојба – околу 10 инчи, што ќе го направи особено корисен за мултитаскинг. Во однос на хардверот, најверојатно ќе видиме чипсет од Kirin 9 серијата, кој исто така ќе се користи во очекуваниот Mate 70 модел подоцна оваа година.
Оваа форма на смартфони на преклопување се чини дека е следната иновација во овој сегмент. Во последните недели стана јасно дека и други кинески компании работат на слични идеи. Слични концептни дизајни веќе покажаа Oppo и Tecno, а се шпекулира и дека Xiaomi подготвува ваков телефон.