Новите фотографии на Oppo Find X8 во живо го потврдуваат дизајнот со голем остров на камерата, додека гласините сугерираат Dimensity 9400 чипсет, камери од 50 MP и полнење од 100 W
Според сегашните информации, се очекува дека Oppo Find X8 парот ќе се појави во Кина некаде во октомври. Веќе имаме прилично добра идеја за спецификациите и веќе го видовме стандардниот Find X8. Сега имаме можност да видиме неколку нови фотографии од Oppo Find X8, за жал, во прилично дебела заштитна маска.
Сепак, можеме да забележиме доволно детали во дизајнот на телефонот за да ги потврдиме претходните информации, како што е изразито големата камера на задната страна. Исто така, забележуваме дека маската има големи отвори за сите микрофони и сензори на горниот дел од уредот.
Ова е релевантно бидејќи се чини малку веројатно дека производителот на куќиштето едноставно заборавил да вклучи отвор за наводното Capture копче што треба да се наоѓа ниско на десната страна од телефонот.
Наводно се работи за капацитивно копче, а не вистинско, така што не можете да го притиснете преку дебелата маска. Дали ова значи дека Oppo Find X8 сепак нема дополнителено копче?
Според неодамна објавените, но сè уште непотврдени гласини, Find X8 ќе го користи MediaTek Dimensity 9400 чипсетот, исто како и неговиот Pro врсник. Екранот ќе биде со дијагонала од 6,7 инчи со „1,5K“ резолуција и брзина на освежување од 120 Hz.
Телефонот наводно ќе има главна камера од 50 мегапиксели, ултраширока камера од 50 мегапиксели и перископ камера со 3x оптички зум. Уредот ќе се напојува од батерија од 5.600 mAh со поддршка за жично полнење од 100 W, пишува GSM Arena.