Google постојано ја подобрува AI функцијата Circle to Search со нови можости. Потсетуваме дека корисниот додаток дебитираше заедно со Galaxy S24 серијата паметни телефони на Samsung, а потоа пристигна до повеќе модели на компанијата и Pixel смартфоните.
Во суштина, Circle to Search овозможува лесно пребарување на содржината на она што го гледате на екранот со заокружување. Неодамна е воведена и можноста за споделување на заокружената содржина преку новото копче Share што се појавува над оваа област.
Circle to Search can now automatically scan barcodes and QR codes!
This feature was spotted by @AssembleDebug in late June but has now rolled out to myself and several other people.
Thanks to Anh on Discord for the tip! pic.twitter.com/bDcpg2qB64
— Mishaal Rahman (@MishaalRahman) August 30, 2024
Меѓутоа, сега дознаваме за уште еден додаток на функцијата во вид на препознавање на бар-кодови и QR-кодови. Google веќе подолго време работи на додавање на оваа опција, а првите знаци за тоа беа откриени уште во месец мај.
Со текот на времето, Circle to Search обезбедува се повеќе и повеќе погодности и се надеваме дека оваа функционалност еден ден ќе може пристигне и до моделите од други компании.