Очекуваме Samsung наскоро да го претстави Galaxy S24 FЕ, што би можело да се случи веќе овој или следниот месец. Во меѓувреме, уредот ги помина TDRA и TUV Rheinland процесите на сертификација.
Благодарение на ова, дознаваме дека моделот ќе поддржува моќност на полнење до 25 вати, иста моќност како Galaxy S23 FE. Во однос на безжичното полнење, специфицирани се 9 вати во споредба со 15 вати во тековниот модел.
Покрај тоа, јасно е дека ќе има седум варијанти на смартфонот: SM-S721B/DS, SM-S721B, SM-S721N, SM-S721Q, SM-S721U, SM-S721W и SM-S7210. Тие ќе бидат наменети за различни региони, а SM-S721B е меѓународна верзија наменета за глобалниот пазар. Овој модел е веќе одобрен од FCC и ќе вклучува Wi-Fi 6E, NFC, Bluetooth 5.3 и 5G безжично поврзување.
Смартфонот е со димензии 162 x 77,3 мм и се очекува да има дизајн сличен на оној на сегашниот модел. Треба да користи Exynos 2400 чипсет, но со малку пониска фреквенција од онаа во Galaxy S24 и Galaxy S24+.