Безбедниот пристап е поедноставен со Knox Vault, шифри и Knox Matrix за хиперповрзана иднина
Нашата продуктивност никогаш не била поедноставна благодарение на нашите уреди. Од паметни телефони до паметни домови, нашиот начин на живеење сега е неверојатно поврзан. Но, како што оваа поврзаност расте, така расте и загриженоста околу безбедноста на уредите и податоците.
Приоритет на Samsung е да бидете безгрижни кога користите екосистеми на поврзани уреди, бидејќи Knox Vault, шифриte и Knox Matrix ве штитат Вас и Вашиот дигитален живот.
Knox Vault
Во Samsung постојано истражуваме начини како да додадеме дополнителни слоеви на безбедност на нашите производи преку иновации во софтверот и хардверот. Еден пример е нашата хардверски поддржана платформа Knox Vault, која комбинира безбеден процесор со безбедна меморија за да ги изолира Вашите најчувствителни податоци — како ПИН-кодови, лозинки и биометриски податоци — од остатокот на Вашиот уред и да осигура дека никој друг не може физички или од далечина да им пристапи на Вашите податоци.
Но, ние не застануваме тука. Со оглед на тоа што многу луѓе сега користат повеќе уреди[1], ние ја прошируваме платформата Knox Vault на повеќе уреди и го носиме најбезбедното мобилно искуство до пошироката публика. Можете да бидете сигурни дека нашите технологии постојано ќе еволуираат, бидејќи Вашата и безбедноста на Вашите лични информации се наш приоритет.
Шифри
Со растот на нашите екосистеми на уреди, сите сме искусиле колку е здодевно да се најавуваме на апликации и веб-страници со лозинки кои често се долги, комплицирани и брзо се забораваат. Но, што ако тие повеќе не постојат, а сепак е можно безбедно да се споделуваат информации меѓу повеќе уреди?
Ова е нашата визија за шифрите — дигитални акредитиви кои можат да се користат за автентикација на веб-страници и апликации, овозможени од Knox Matrix со Galaxy паметни телефони и таблети[2]. Шифрите им овозможуваат на корисниците да се најавуваат на апликации и веб-страници на Galaxy уреди со користење на Samsung Pass. Оваа безбедна и лесна функција им овозможува на корисниците да се најавуваат со биометриска автентикација, како на пример со отпечаток од прст, и ја елиминира потребата да се паметат тековните лозинки или да се ресетираат заборавените. Практично, без компромитирање на безбедноста, шифрите претставуваат значаен чекор кон иднина без лозинки.
Шифрите нудат побрзо, полесно и побезбедно искуство со уредите. Ќе заштедите време бидејќи повеќе нема да треба да го внесувате корисничкото име на Вашиот уред — едноставно изберете ја сметката на која сакате да се најавите. Откако ќе се регистрираат шифрите, лесно е да се префрлите на нов поврзан уред бидејќи нема потреба повторно да се најавувате. Шифрите работат само на регистрираните веб-страници и апликации на корисникот, обезбедувајќи заштита од фишинг напади од малициозни сајтови или апликации.
Knox Matrix
Обезбедувајќи нови начини за заштита на идентитетите и акредитивите за хиперповрзан свет, шифрите се дел од Credential Sync — клучна компонента на Knox Matrix. Живееме во време кога сме опкружени со поврзани уреди, од нашите телефони до телевизори, па дури и нашите фрижидери. Оваа поврзаност нуди возбудливи нови можности, но, исто така, претставува зголемен ризик од експлоатација. Традиционалните безбедносни понуди кои штитат поединечни уреди веќе не се доволни кога еден компромитиран уред има потенцијал негативно да влијае на другите во истиот екосистем, а тоа претставува потреба за друг слој на заштита.
Затоа, ние ја изградивме платформата Knox Matrix, нашата следна граница на безбедност и визија за побезбедна иднина. Безбедносниот систем е сеопфатен пристап кој ќе станува уште посуштински како што сè повеќе уреди и аспекти од нашите животи сè повеќе ќе се поврзуваат — претворајќи го Вашиот дом во паметен штит и одржувајќи ја Вашата и безбедноста на Вашиот екосистем на поврзани уреди. Платформата Knox Matrix функционира како Ваш приватен блокчејн систем, каде што поврзаните уреди осигуруваат безбедност во клучни фази преку повеќеслојно интелигентно следење на заканите, при што компатибилните уреди се проверуваат меѓусебно во потрага на разни пробиви.
Credential Sync ги обезбедува Вашите информации кога се пренесуваат од еден на друг уред, олеснувајќи го управувањето со повеќе најави и истовремено ги шифрира чувствителните информации. Со споделување на акредитивите меѓу уредите, имаме за цел да го заштитиме целиот екосистем на уреди, за никогаш да не мора да ја жртвувате безбедноста на сметка на поврзаноста или удобноста.
Knox Matrix нуди уште понапредна заштита за целиот Ваш екосистем на уреди со Trust Chain. Во Trust Chain, поврзаните уреди се контролираат еден со друг за безбедносни закани, обезбедуваат известувања за напади и ги споделуваат преземените мерки за блокирање на заканата. Исто така, Cross Platform SDK овозможува уредите со различни оперативни системи да се приклучат на Knox Matrix со доследни безбедносни стандарди. Ова значи дека можете да уживате во голема безбедност со Knox Matrix без разлика дали вашите уреди на Samsung се базираат на Android, Tizen, Windows или на други оперативни системи.
Samsung сака да Ви овозможи да се движите низ овој сè поповрзан свет слободно и удобно со Samsung Galaxy, и сега и во иднина. За таа цел, посветени сме да Ви помогнеме да го извлечете максимумот од Вашето дигитално искуство со Knox Vault и Knox Matrix. Додека се движиме кон иднина без лозинки, овие моќни решенија ќе осигураат да бидете секогаш безбедни со платформи на кои можете да им верувате.